Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, во разговор за руските медиуми (аналитичар е на РТ) истакна дека вистнските херои се на Тајланд, а не на Светското првенство во фудбал во Русија.

Групата од 12 деца-фудбалери и нивниот тренер без заробени во пештера од 23 јуни, а спасени сите дури вчера.

Мурињо истакна дека вистинските херои се токму таму и додаде дека е воодушевен од акцијата за спасување.

„Воодушевен сум од тоа што се случи на Тајланд. Хероите се таму, а не на Светското првенство. Децата, а особено нуркачите и тие што се вклучени во спасувањето, тие се вистинските хериои. За мене Светското првенство е на второ место“, рече Мурињо.