Американската Влада конечно зазеде став за „вампирите“ кои се гостат со крв на млади. Велат дека тоа и не е баш мудро.
Во стварноста, Американската агенција за храна и лекови (ФДА) предупреди стари лица да не посегнуваат по инекции со крвна плазма од млади, терапија која се огласува на американскиот пазар како начин за борба против стареење и низа болести како деменција, Паркинсонова болест и Алцхајмерова болест.
– Едноставно кажано, загрижени сме што постари луѓе се цел на луѓе кои им нудат крвна плазма од млади како лек за било што, вели Скот Готлиб шеф на ФДА.
– Нема никакви клилнички докази дека од тоа има корист, а може да биде штетно бидејќи зголемува ризик од инфекции, алергиски реакции, респираторни и кардиоваскуларни проблеми, додаде тој.
Клиенти плаќале по околу 8.000 долари за литар млада крв односно до 12.000 долари за два литра.
– Нема ништо ново во обидите да се прелаже смртта, луѓето со таква идеја се занимаваат уште од древен Египет, вели социологот Кејти Блек од Универзитетот во јужна Флорида во Сарасота.