Од билна аптека се зема пакување од корен на билката иѓирот и бела ајдучка трева. Кафена лажица од ајдучката трева се потопува во 250 милилитри вода – невриена. Откако ќе отстои петнаесетина минути, се процедува и течноста се пие преку ден (изворот на лекот наведе два начина на пиење – на гладно и преку ден).

Паралелно со тоа, меѓу трите прста се зема од коренот од иѓирот и двапати на ден – наутро и навечер, се џвака во устата, но не се голта. Се џвака пет дена во неделата, а се прави пауза два дена (ова се однесувало на сите “народски“ лекарства што се горчливи поради тоа што во себе имаат алкалоиди).

Инаку, иѓирот и ајдучката трева, во оваа комбинација и самостојно се препорачани и од позната австриска билкарка МАриа Требен.

(Рецептот е врз оснва на искуства на граѓани од Скопје)

(НАПОМЕНА НА „ДЕНЕШЕН“: Ништо од ова не треба да се сфати како лек кој ќе ги замени класичните медицински лекови. Секој од Вас, доколку реши да примени некој од рецептите, тоа го прави на сопствена одговорност)