Тимот за санкции од Вашингтон кој беше во Македонија со цел поагресивно да истражува корупција кај поранешни, но и актуелни функционери си заминал од земјава, пренесува „Фокус“.
Во одговорот на амбасадата на САД во Македонија, за Фокус нема објаснување дали тимот веќе ја скенирал состојбата во земјава и дали пак ќе дојде, но од таму порачуваат дека се посветени да ги повикаат на одговорност оние кои се вклучени во висока корупација и дека ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво.
-Стејт департментот разгледува низа достапни органи/власти, во координација со меѓуагенциските колеги, да преземат соодветни активности за да одговорат на корупцијата. Именувањето од страна на овие власти им дозволува на Соединетите Држави да промовираат одговорност за сегашните и поранешните владини функционери кои се впуштаат во корупција или вршат кршење и злоупотреби на човековите права и да ги поддржат напорите за попречување или одвраќање на идните злоупотреби, изјавиле од Амбасадата на САД за „Фокус“.