Американска компанија изразила интерес за купување на уделот што унгарски МОЛ го има во хрватската нафтена компанија ИНА, јавува Јутарњи Лист.

Според весникот, потегот од САД доаѓа откако руски Роснефт изрази интерес за купување на овој удел. ИНа поседува две рафинерии во Хрватска и над 400 бензински пумпи, со што е доминантен играч на хрватскиот нафтен пазар, а е во сопственост на МОЛ и на хрватската Влада. Директорот на Роснет Игор Сечин јавно изрази интерес за влез во ИНА минатата година, што предизвика негативни реакции од страна на американските дипломатски претставници во Загреб.

Контрапонудата за купување на унгарскиот удел во ИНА дошла од компанијата Кестлтон Комодитиз (ЦЦИ), која понудила стратегиско партнерство со ИНА, и во писмо до премиерот Андреј Пленковиќ најавила дека има 3,6 милијарди долари на располагање за откуп на акциите на МОЛ. Според весникот, зад компанијата ЦЦИ стојат инвеститори и трговци со суровини како Глен Дабин, Пол Тјудор Џонс и Пол Фрибург.