Клиничкото тестирање на вакцината наменета за заштита од новиот коронавирус ќе започне денеска, информира неименуван владин претставник на САД.
Првиот учесник во испитувањето, кое го финансира Националниот институт за здравство и кое се одвива во Институтот за здравствени истражувања, Каизер Перманент во Сиетл, во сојузната државаВашингтон, денеска ќе добие експериментална вакцина.
Ќе биде потребно од една година до 18 месеци за да се потврди дејството на каква било потенцијална вакцина, додаваат извори на јавно здравје