Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар синоќа официјално го претстави Американецот Маише Дејли како свое засилување за новата сезона.

Дејли, кој од претходно се обврза на едногодишна верност со клубот од Гостивар, доаѓа од тимот на Акрон со кој настапуваше во НЦАА лигата.

Дејли е второто американско засилување на Гостивар за новата сезона по неговиот сонародник Деонте Браун.