Поранешна агентка на контраразузнавањето на американските военовоздушни сили пребегала во Иран и покрај предупредувања од ФБИ, и открила на владата во Техеран тајни информации вклучително името и задачата на тајна програма на Пентагон.

Обвинителството ја обвини Моника Вит (39) дека предала свои поранешни колеги од разузнавањето откривајќи детали од нивниот личен и професионален живот на Техеран.

Четворица хакери поврзани со иранската влада ги искористиле тие податоци за да извршат кибер напади врз припадниците на контраразузнавањето.

Вит привлекла внимание на ФБИ една година пред да избега откако посетила иранска конференција и се појавила во видео клипови против САД. Таа добила предупредување, но рекла дека нема да открие тајни информации за работата ако се врати во Иран.