Над 40 поранешни британски дипломати ја повикаа премиерката Тереза Меј да го одложи брегзит, објави „Тајмс“.

Според нив, најдобро е напуштањето на ЕУ да се одложи за да се разјаснат условите на идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ или да биде спроведен втор референдум, се вели во нивна изјава.

„Ако до 29 март британскиот Парламент не го одобри договорот, постигнат меѓу Брисел и владата во Лондон, Меј ќе треба да избира меѓу одлагање на брегзит и напуштање без договор што ќе ја стави економијата во хаос“, нагласуваат тие.