Њујорк, 31 март 2025 Американската Балканска Стопанска комора (АБСК) American Balkan Chamber of Commerce има чест да ве информира за својот инаугуративен настан, одржан во престижниот „Пен Клуб. Овој настан беше значаен собир на дипломати од балканските земји, видни бизнесмени и преставници на академскиот сектор. Со официјалното започнување со работа, комората ќе биде посветена кон поттикнување на бизнисот, трговијата и инвестициите меѓу Соединетите Американски Држави и балканскиот регион.

Во воведниот говор, Елиза Пренџов, претседателка на АБСК, ја изложи визијата за комората, изјавувајќи: „Овој инаугуративен настан го поставува темелот за динамична платформа преку која компаниите од САД и Балканот можат да се поврзат, соработуваат и заедно да напредуваат.“
Воведниот говор го одржа комесарот г-дин Едвард Мермелштајн, одговорен за меѓународна и економска соработка на градот Њујорк. Мермелштајн ја истакна суштинската улога на меѓународната соработка во поттикнувањето на економскиот развој и ја нагласи посветеноста на градот Њујорк во поддршката на глобалните бизнис иницијативи.

Значајна поддршка на настанот даде македонскиот амбасадор во САД Зоран Попов, кој говореше на првиот панел, заедно со:: – aмбасадорот Свен Алкалај – Босна и Херцеговина, – aмбасадорот Илир Дугољи – Косово, – aмбасадорот Јован Мирковиќ – Црна Гора.

На панелот кој беше модериран од д-р Хуан Карлос Меркадо, декан на City College of New York се дискутираше за бизнис можностите на балканските земји и регионот, и како најдобро да се изградат парнтерства помеѓy балканските и американските бизниси

Вториот панел, „Како балканските земји можат да бидат конкурентни за привлекување странски инвестиции, извоз на производи и услуги на светско ниво“, го модерираше Александар Митрески од АБСК со следниве говорници:
– Марјан Бојаџиев, ректор на Универзитот Американ колеџ во Скопје,
– Владимир Божовиќ, генерален конзул на Република Србија во Њујорк,,
– Адмир Кулин, еден од најуспешните претприемачи во Босна и Херцеговина.

Професорот Марјан Бојаџиев, заедно со останатите панелисти дадоа препораки и насоки за зголемување на конкурентноста на балканскиот регион, стратегии за привлекување странски инвестиции и проширување на извозните капацитети кон Соединетите Американски Држави.
Кирил Савовски, директорот на Американската балканска стопанска комора ги објави претстојните настани на кои ќе се одржат во Њујорк:
– Откријте го балканскиот туризам и скриените бисери на Балканот,
– Форум за проширување на бизнисот помеѓу САД и Балканот,
– Решенија за енергија и енергетски извори: Иновации за одржлива иднина,
– Конференција за вештачка интелигенција: Каде интелигенцијата се среќава со иновациите,
– Размена на образовгвание: Соработка меѓу САД и Балканот.

Американската балканска стопанска комора е посветена на промовирање на бизнисот, трговијата и инвестициите помеѓу Соединетите Американски Држави и балканскиот регион. Преку олеснување на деловните врски, организирање настани и обезбедување ресурси, Комората има за цел да им помогне на компаниите да се движат на меѓународните пазари и да градат долгорочни партнерства.

За повеќе информации за Американската балканска трговска комора и претстојните настани, посетете ја americanbalkancc.org.

Во прилог се и повеќе фотографии од настанот: