Американската лесна нафта го продолжува својот пад и цената денеска е 10,34 долари за барел. Таквата цена не е регистрирана уште од 1986 година.
Резервите на црно злато веќе ја достигнаа својата точка на заситеност, а побарувачката силно се намалува заради пандемијата на новиот коронавирус.
Лесната сурова нафта на САД за испорака во мај – денеска е последен ден за тие фјучерси – падна за 49,78 проценти на 10,82 американски долари за барел, а само десет минути пред 17 часот по Гринич се намали на 10,34 долари за барел. За споредба, во 2011 година, таа нафта чинеше речиси 114 долари за барел.