Цената на нафтата прв пат во историјата забележа негативнат вредноста. За само неколку часа, американската нафта поефтини за над 300 отсто и сега чини -0,40 долари, што значи дека производителите на нафтата им плаќаат на купувачите зашто во складиштата веќе нема место.

Тоа воедно е и обајснување што значи негативна цена на нафтата. Значи постојат инвеститори кои се подготвени да платат, само да им кој да ја земе нафтата, што многумина економисти го сметаат за налудничаво.

-Веќе имаме негативни каматни стапки. Дали ќе имаме и негативна цена на нафтата? Бидејќи нема место за скалдирање, сопствениците плаќаат само некој да ја земе нафтата. Се разбира, веројатно е дека ова нема да потрае, изјавил Питер Шиф, познат економист.

Нешто слично се случува и со каматите на банките. Бидејќи во вакво време никој не сака да инвестира, малку кој сака да земе и кредит, а со тоа, малку кој и се јавува како субјект кој ќе плаќа камати, па како што вели Шиф, се случува процес сличен како тој со нафтата.

Истовремено, расте цената на златото, бидејќи ова е време кога сите сакаат да обезбедат трајна вредност. Сето ова се доведува во врска и со најавите на западните земји да ги олабават мерките против вирусот. Тие не даваат резултатите, а само ја уништуваат економијата и доведуваат до ваков колапс. Оттука, се позачестени се изјавите дека вусшност епидемијата намалува и дека некои бројки биле зголемени, за јавноста која од почеток притискаше за поцврсти мерки и ограничувања (на пример во В. Британија) сега полесно да ги прифати олабавувањата.

Тоа само зналчи дека можеме да очекуваме нов бум на вирсуопт и дека светот веќе решил да се жртвува дел од популациајта – постарите и хронично болните.

Сличен процес со мерките се случува и кај нас. По двата викенд карантини веќе се најавува олабавување на мерките по 1 мај, а за тоа приотискаат и многумина критичари на Филипче.

Тоа што кај нас нема да се случи е намалување на каматите, напротив, дури и имаме дуплирање кај одложеното плаќање на кредитите, а банкарот од Пишица, Хари Костов, пред некој ден во врска со ова изјави дека банките не биле социјални  установи. Што друго да се каже на ова?