Американската нафтена компанија „ЕксонМобајл“, синоќа јави дека целосно излегла од Русија откако рускиот претседател Владимир Путин го отуѓил сиот нејзин имот по седум месеци разговори за законски трансфер на 30 отстотниот удел во голем енергетски проект во земјата.
Од „Ексон“ изјавија дека не примиле некаква компензација за активите, кои таа ги оцени на повеќе од четири милијарди долари. Портпарол на Ексон не кажа дали компанијата ќе го оспори запленувањето во меѓународна арбитража, што го имплицираше во август.
Големите нафтени компании „Би-пи“, „ТоталЕнерџис“, „Еквинор“ и „Шел“ ја напуштија Русија во знак на протест за руската инвазија врз Украина и заканите од Москва дека ќе употреби нуклеарно оружје. Епизодата со „Ексон“ укажува дека Запад и Русија се во судир за енергијата.
-Направивме секакви напори за ангажман со руската Влада и останатите сопственици на акции, рече портпаролот.
Компанијата изјави и дека извршила „безбеден излез“ од Русија, откако владата на почетокот на месецот „унилатерално го прекинала“ нејзиниот интерес во нафтено-гасниот проект Сахалин-1.