Американски борбен авион Ф-15 се урнал на околу 80 километри од јужниот јапонски брег, јави утринава јапонската телевизија НХК.
Јапонски официјални претставници за локалните медиуми изјавиле дека пилотот се катапултирал, но неговата моментална состојба е непозната. Според некои извори, уште еден пилот бил во авионот, кој исто така успеал да се катапултира. И неговата состојба е непозната.
Американското министерство за одбрана се огласи со кратко соопштение, во кое се потврдува падот на борбениот авион Ф-15Ц познат како „орел“, со појаснување дека пилотот се катапултуирал и дека неговата состојба е стабилна.
Агенцијата „Кјодо“ објави дека авионот што се урнал денеска е дел од американската воена база стационирана во Окинава.
Јапонската крајбрежна стража и одбранбените сили веднаш реагирале на дојавата за падот на американскиот авион и испратиле екипи на местото на инцидентот. Според информациите, авионот Ф-15 се распаднал кратко време по полетувањето.