Американски официјални претставници работат со компанијата „Фајзер“ со цел да помогнат во максимизирање на производствените капацитети на вакцината против Ковид-19, откако овој производител на лекови соопшти дека се соочува со потенцијални предизвици, изјави денеска американскиот министер за здравство и социјална заштита Алекс Азар.

– Неодамна не информираа за различни предизвици со кои можат да се соочат во своето производство и затоа ќе се погрижиме, со каков било механизам, да им дадеме целосна поддршка, со цел да бидеме сигурни дека можат да произведуваат за американскиот народ, истакна Азар.