Бројот на заразени со коронавирус во светот денеска надмина 74 милиони, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на „Ворлдметерс“

Од почетокот на павидемијата, коронавирус е дијагностициран кај 74.006,646 лица.
Досега 1.645.774 лица починаа од последиците на Ковид-19..

Оздравеле 51.980,612 луѓе, а во моментов има 20.380, 260 активни случаи ширум светот.

Најголем број на заразени лица, 17,15 милиони, сè уште има во САД, која е на првото место и според бројот на починати, со над 300 000 смртни случаи. Следува Индија со 9,93 милиони заразени и 144 000 мртви, и Бразил со 6,97 милиони заразени и 182 000 мртви.