Непосредно по почетокот на Првата балканска војна, време кога Македонија била цел на пропагандите на Грција, Бугарија и Србија, а поради тоа и Македонците биле поделени во различните војски на соседите, американскиот дневен весник Дејли Бруклин Игл (Daily Brooklyn Eagle) пишува за историјата на Македонија во контекст на грчките аспирации кон македонската територија.

– До денешно време во Солун, Пела или Едеса (Воден з.н.) се зборува дека Македонија никогаш не била дел од Грција, туку дека Грција била дел од Македонија! И ова е вистина. Македонците никогаш не беа Грци. Македонската империја под водство на Филип и проширена од Александар ги освоила Грција, Тракија, Египет, Сирија, Мала Азија, Месопотамија, Вавилонија, Асирија, најголем дел од Ерменија и териториите на денешна Персија (Иран тогаш го носи името Персија), Западна Индија и Централна Азија на север дури до Аралското Море, запишано е во дневниот весник Дејли Бруклин Игл на 13 октомври 1912 година.

– Веројатно Македонија повторно ќе се издигне! Таа не може да го направи тоа сè додека Турција го владее Босфорот, дополнува во написот со наслов Вокс енд Токс (Walks and Talks) новинарот Јулиус Чемберс во 1912 година.

Инаку, дневниот весник Бруклин Игл првпат излегува во печат на 26 октомври 1841 година. Во одредени периоди бил најтиражниот весник во Соединетите Американски Држави. Целиот напис на англиски јазик каде што се спомнува Македонија може да го прочитате од архивата на весникот на следниот линк.

Марко Петревски