Барови во центарот на Рејкјавик останаа во викендот без пиво откако беа посетени од американски морнари и маринци кои на Исланд учествуваа на вежба на НАТО, објави Старс енд страјпс.
Поради навалата на жедни припадници на американските армиски сили, многу популарни угостителски локали во таа мала држава – пресушија.
Речиси 7.000 морнари и маринци учествуваа во вежбите на Исланд додека во државата живеат 340.000 луѓе. Американските војници најмногу нарачувале локално пиво.