Истражување на британската компанија за чевли, Шугарден, покажува дека ќе бидете многу пополезни во работата доколку во канцеларијата доаѓате со домашни влечки.

„Докажано е дека удобноста ја зголемува продуктивноста на работа, а што е поудобно од меки и топли папучи?“, се вели во објавеното истражување.

Така, ако вашата фирма има полежерен кодекс на облекување, слободно бидете храбри, оригинални и свои, препорачува британската компанија.