Бејзбол-играчот Мани Мачадо ќе потпише рекорден договор со Сан Диего Падрес, објави новинарот на „ЕСПН“ Џеф Пасан, на својот твитер-профил.

Договорот ќе биде со важност на 10 години. Во овој период спортистот ќе заработи 300 милиони долари. Ова е рекорд за слободни агенти во американските професионални спортски лиги.

Дваесет и шестгодишниот бејзболист претходно играше за Балтимор и Лос Анџелес. Четири пати беше учесник во натпреварот на „сите ѕвезди“ и два пати ја доби наградата „Златна ракавица“.