Во Сенатот на САД денеска ќе се одржи сослушување за Западен Балкан, со акцент на поддршка на мирот и просперитетот на овој регион, соопштено е на официјалната веб-страница на оваа институција.

Расправата се одржува во Сенатската комисија за надворешни работи за Европа и регионална безбедносна соработка.

Сосема е извесно дека теми ќе бидат состојбите во Босна и Херцеговина, но и во Косово, особено низ призмата на санкциите на американската администрација, наведува босанскиот портал Кликс.

Сослушувањето доаѓа во време на засилена активност на американската администрација на Западен Балкан, особено во однос на изборната реформа во Босна и Херцеговина, но и за заживување на дијалогот меѓу Србија и Косово.