Новата италијанска влада со нов курс – министерот за одбрана изјави дека земјата нема повеќе да купува ловци Ф-35 на американската компанија Локид-Мартин. Исто така, ќе се разгледа нарачката од 90 авиони.

Елизабета Трента, новата министерка за одбрана, од евроскпетичната Движење пет ѕвезди, отфрли можност од нови договори со САД за набавка на ф-35 ловци, додавајќи дека нарачката од 60 Ф-35А и Ф-35Б, кој Италија ја склучи во 2012 година, можеби ќе биде ставено на повторно разгледување.

„Нема повеќе да купуваме Ф-35-ки. Проценуваме што да правиме со договорите кои се во сила“, изјави таа во едно интервју за италијански медиум.

Трента додава дека нејзината партија отсекогаш била против тој договор, но проблем е што доколку тој договор се раскине Италија ќе плаќа големи пенали.

Инаку за 90 Ф-35-ки Италија треба да плати 14 милијарди долари, што се смета за прескапо.