Американските војници кои не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19 веднаш ќе бидат отпуштени, објави денеска копнената војска на САД нагласувајќи дека тоа е неопходно за да се одржи борбена готовност.

– Мерката се однесува на редовните војници, резервистите и питомците, освен за оние кои имаат потврда за ослободување од вакцинација, се наведува во соопштението.

Пентагон воведе задолжителни вакцини за сите активни припадници на војската во август 2021 година. Поголемиот број војници примиле најмалку една доза од вакцината, а 79 починале од последици на коронавирусот.

– Борбената готовност зависи од војниците кои можат да тренираат, да патуваат, да се борат и да победуваат во војни. Невакцинираните војници се ризик за војската и ја загрозуваат подготвеноста, изјави високиот воен претставник Кристин Вормут.

Другите армиски родови, вклучително и воено  воздухопловните сили, веќе почнаа да отпуштаат војници кои ја одбија вакцината, што првпат беше одобрена за итна употреба во декември 2020 година.