Владата го прифати предлогот на Министерството на финансии за намалување на ДДВ на струјата од 18 на 5%, потврди министерот Фатмир Бесими на својот профил на „Фејсбук“.
Бесими наведува дека според измените на Законот за ДДВ, тоа за електрична енергија ќе се намали од 18 на 5% за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година.
-Целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата, потенцира Бесими.