Цената на криптовалутата Биткоин падна под 30 илјади долари денеска, прв пат после јануари.

Најпопуларната криптовалута се наоѓа во пад поради акција на кинеските власти против „копачите“ на Биткоинот.

Негативно расположение на вложувачите ја предизвика веста дека централната банка на Кина бара од некои банки ширум земјите да се воздржат од трансакции на криптовалути.

Биткоинот така денеска падна за 4,53%, и се продаваше по 30.311 долари, а утрово накратко падна под 30.000 долари, а потоа се искачи.

Пред само неколку месеци, вредноста на крипто валутата надмина 50 000 долари.