Поради изведување градежни активности на експресниот пат А4 Штип-Радовиш, денеска од 17:00 часот сообраќајот на потегот Бучим – Радовиш, ќе се изведува по паралелен пат со ограничена бризна од 30 до 60 километри на час, информира АМСМ. Пренасочувањето, прецизира, се врши поради изведување на асфалтерски работи на овој потег на главниот пат.
Поради асфалтирање на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница од денеска секој ден во период од 10:00 до 16:00 часот, ќе важи времена измена на режимот на сообраќај во времетрање од 45-60 дена, со комплетно затворање на делницата при изведувањето на грaдежните активности.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево