Поради магла намалена видливост од 50 до 100 метри има во Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Охрид, Ресен, Македонски Брод, Страцин, а до 30 метри кај Павлешници, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ОД АМСМ потсетуваат дека на сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.