Од денеска од 10 до 16 часот и во наредните 45 дена се воведува привремен сообраќаен режим заради активности за асфалтирање на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.
-Во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до ресторан „Трница“. Градежните активности ги изведува Друштво за градежништво „Пелагонија“ а.д. Гостивар, соопшти Автомотосојузот по известување од „Виадукт трејд“ ДООЕЛ Гостивар.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.