Регионалниот пат од Ресен кон Охрид преку Галичица од денеска е оспособен за сообраќај, соопшти АМСМ.

Станува збор за патот од ресенското село Царина до охридското село Трпејца, преку Галичица.

Патот е дозволен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3,5 тона.