На експресниот пат Штип – Радовиш, кај местото „Пилав тепе“ сообраќајот денеска ќе се одвива непречено во двата правца, без прекини и застои, соопшти АМСМ.

Нема да се изведува минирање, како што беше најавено.

АМСМ утрово информира дека патот Штип – Радовиш од 12:40 часот ќе биде во прекин поради минирање на делот кај „Пилав тепе“, но според изведувачот на работи „СТРАБАГ АГ“ денеска минирање нема да се врши.