Авто Мото Сојузот на Македонија утринава соопшти дека е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Стража – Кичево, а од четири часот сообраќајот се одвива нормално и на регионалниот пат Велес-Прилеп по преминот Плетвар.
Единствено поради снежни врнежи останува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар.
На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива по влажни коловози, а внимателно возење се препорачува низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.
Укината забраната за товарни возила на патот Маврово-Дебар
Од 08:15 часот утринава укината е забраната за движење на тешки товарни возила и на патот Маврово-Дебар во двата правци, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.
Поради снежни врнежи, на овој патен правец од вчера попладне беше воведена забрана за тешки товарни возила.
Од утринава е нормализиран и сообраќајот на патните правци Велес-Прилеп и Стража-Кичево.