Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет паѓа на Попова Шапка.
Поради одрони од карпи и земја сообраќајот на патниот правец Струмица – Берово над рудникот Огражден се одвива отежнато.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.