Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја истакна клучната улога на Обединетите нации во управувањето со глобалните кризи пред нејзината посета на Њујорк на Генералното собрание на ОН.

Сепак, Бербок додаде дека Генералното собрание нема да биде како претходните, обвинувајќи ја Москва дека ги напаѓа принципите врз кои се основани Обединетите нации со инвазијата на Украина.

– Иако е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, Русија покажува целосно непочитување на меѓународното право и глобалниот поредок, вели германската министерка за надворешни работи.

– Потребни ни се Обединетите нации за да најдеме заеднички решенија за глобалните проблеми. Ниту една земја не треба да живее во страв од напад од посилен сосед, рече Бербок.