Мигрантите имаат поголеми шански да бидат поздрави од локалното население во богатите држави во кои се населуваат. Често токму мигрантите се тие кои се грижат за стари и болни во државите во кои доаѓаат, се нагласува во извештај. Аргументите дека мигрантите се закана за националното здравје и товар за здравствениот систем се можеби популистички мит, особено кога се зема предвид статистиката.
Извештајот го објавија од University College London и медицинскиот магазин Лансет.
Двегодишната студија укажува дека мигрантите имаат поголеми шанси за подолг живот од локалното население и помалку изгледи за смрт од рак и срцеви болести.
Сепак, тие имаат поголеми шанси за зараза со хепатит, ХИВ и туберколоза. Но, според студијата тие болестите може да ги прошират во своите доселенички заедници повеќе отколку меѓу севкупната популација.
– Нашата анализа укажува дека тие се поздрави и позитивно придонесуваат за економијата на државата домаќин. Во богатите држави како Британија и САД се и голем дел од здравствените работници, појасни Ибрахим Абакар претседател на Комитетот за миграции и здравје UCL-Lancet.
Таа метаанализа е составена врз основа на 96 други студии и проценки по 5464 смртни случаи. Во прашање биле повеќе од 15 милиони мигранти.