Интерактивни дигитални игри и мобилни апликации наменети за деца под две години се вид подароци кои родителите треба одлучно да ги тргнат од шопинг листата за Божик, нагласуваат од Американското здружение на педијатри (ААП).

Кога ќе го сместите детето пред телевизор, му дадете во раце таблет, смартфон со игри или дигитални играчки, го намалувате или ценосно спречувате можноста за негов креативен развој, се нагласува во кличичка анализа објавена од ААП.

– Класичните едукативни играчки и книги поттикнуваат вербално побогата интеракција и влијаат врз квалитетно време посветено на детето, истакнува Алан Менделсон, коавтор на извештајот од Универзитетот Њујорк и лекар во њујоршка болница.

– Тоа не се однесува на дигиталните играчки кои попречуваат таква интеракција. Малку се докази или нема никакви докази дека дете помало од две години има каква било корист од време проведено пред екран од таблет, смартфон или телевизор, вели тој.

Деца помали од две години не треба воопшто да минуваат време пред екран, без оглед дали се работи за ТВ или дигитални игри и играчки, предупредуваат од ААП.