Кој е заклучокот по вчерашната дебата меѓу кандидатите за градоначалник на Град Скопје?
Она што неминовно се наметнува како сублимат на виденото и чуеното e фактот дека со дуелот Орце Горѓиевски се зацементира на позицијата иден скопски градски татко. Фер, Амар Мециновиќ покажа дека има потенцијал (не и факултет), но и насушна потреба од дополнително искуство за да може да му парира на човек кој долги години „го пече“ занаетот во полтиката и веќе има зад себе одличен 4-годишен мандат како градоначалник. Дуел на „паталец“ и на „гаталец“ од другата страна. Теорија VS Пракса. Работник контра декларативец, пишува во својата анализа Курир.
Ок, ќе се памети и дека Амар нема факултет, а дека се претставувал како политиколог (Во „Стадион“ кај Наумов), што не бива. Тоа, дека го ставил на „стенд-бај“ заради неговата социјална улога, не држи вода. Дека немал пари, исто така. Ние, вистинските деца на транзицијата со по двајца родители стечајци или технолошки „вишоци“ знаеме подобро као оди тој „процес“. И колку бевме во „мањак“ за пари. Башка, тогаш немаше работа, ама никаква. Ни за лек.Илјадници работници беа избркани на улица, наши родители и блиски. И, сепак, ги завршивме студиите, многу порано од него. И дете на транзиција со двајца родители во јавниот сектор?! Јок, и тоа не бива, тие земаа плата, каква таква, таму немаше ниту стечај ниту технолошки вишок. Статива…
Да, можеби ќе се памети и двосмислената изјава на Орце за самохраните мајки, која потоа ја извртеа „независните“ медиуми од ергелата на СДСМ, касапски кутриња кои „силом прилике“ најдени во средина удрија и по едниот и по другиот. Чин, кој немаше да го гледаме доколку Амар или Орце беа од Бихаќка. Арно ама, нивниот кандидат остана на „зачеље“, а со тоа и шансата да се прават професионални и да плукаат по двајцата. И да ги понудат своите услуги на задникот даден под кирија. Па, се отворија/распупија пустите, како што менторот им Заев го распупи судството, кое уште си е такво. Нејсе…
Сепак, дефинитивно, најголем губитник од дебатата е „лидерот“ на Левица, кој по диловите со ДУИ одамна веќе не е политичка девица. Звучи парадоксално, но како може Димче да биде најголемиот губитник од дуел меѓу Орце и Амар?
Многу просто и едноставно е, позицијата му е опасно загрозена, му се клати столчето кое го стекна со јадење „бубрези“, пцовки, максимална употреба на скопјанизми (а пустиот, велешанец?!) и р’чки за тепачки по собраниски сали и кулоари.
Иако без факултет, Амар за него народски кажано испадна „доктор на науки“, а за парадоксот да биде поголем, пустиот Димче е тоа. Ама не му Личи“, „стои“ помалку, прилега најмалку. По вокабуларот, ќе помислите „кочијаш“…
Не верувате? Нема логика еден надобуден „лидер“ да се чувствува загрозен од успехот на свој пулен? Та, тој треба да се гордее со потенцијалот на сопствените чеда, нели? Да, тоа би било доколку не зборувате за лик како Димче Апасиев…
Се’ уште ви е неверно? Ок. Тогаш… запрашајте се зошто Димче пушти само еден „рилс“ по дебатата? Еден „онаквојадец“ ко него да „ќути ко залиен“? Да не распали по Орце? Зошто молчи и се крие како што самиот милува да каже – „ како онакво под кошула“? Само што тој „онаквото“ би го кажал со вистинскиот вулгазирам, не со некакви заменски зборчиња. Дали ова е еклатантен пример дека „непријателот на мојот непријател е пријател“, во вој случај полтички опонент. Старозаветен Аврам/Димче кој е подготвен орно да ги жртвува сопствените деца…
И натаму мислите дека овој муабет кој одамна кружи низ скопските кулоари и во самата Левица е шпекулација? Чекајте, времето ќе каже. И тоа набргу. Дека тоа наскоро ќе излезе во јавност најави на Алфа пратеникот Бране Петрушевски, во исто време кога на 5-ка одеше дуелот за Скопје.
„Се чувствува еден анимозитет во редовите на Левица, нешто за кое што се слуша и по политичките кулоари по кои што се движиме. Претпоставувам дека се работи за одреден став на лидерот на Левица од овој резултат на Амар Мециновиќ, кој со ова го загрозува неприкосновеното лидерско место на Апасиев. Сепак, се работи за едне суетен човек којшто тоа го има демонстрирано јавно во повеќе наврати“, посочи Петрушевски во „За или против“.
Тоја најави една субверзивна игра на Апасиев, соодветна за лик чиј зародиш е токму во ултра-субверзивната „Шарена револуција“, криенка во која „лидерот“ во страв и одбрана на претседателскиот трон/столче со пласирање на афери и скандали ќе му ги крати крилјата на својот сопартиец.
„Според она што го имам како информација, во наредниот период, во наредниот период ќе излезат одредени скандали поврзани со амар Мециновиќ кои што до медиумите на „полутаен“ начин ќе ги испрати токму „лидерот“ на Левица, Димитар Апасиев, со цел да му го намали рејтингот на Амар и за да си го зачува функционерското столче во Левица, затоа што тоа лидерско столче во Левица е многу платено и носи доста привилегии. Таа позиција носи службени возила, тоа лидерско столче носи партиско обезбедување, носи дополнителни приходи, кои што видовме дека врхушката на Левица си ги ползува и си ги исплаќала од партиските пари кои што, всушност, се буџетски пари, тие годишно добиваат 200 илјади евра од буџетот, тоа се пари на граѓаните, тоа столче значи и привилегија да се биде функционер, како што Апасиев и е во моментот. Мислам дека за неколку дена ќе имаме сериозен конфликт во Левица, којшто ќе кулминира по 2 ноември, по изборите“, открива Петрушевски, најавувајќи дегутанта внатрешна битка во Левица, одиграна за самозаштита на позицијата на „претседателот“.
П.С.
Ваквите информации со најави за раскол во Левица одамна се „вртат“ по собраниските кулоари и полтичките кругови. Дали е вистина, останува да видиме следните денови. Она народното “ако коза лаже, рог не лаже“.
Т.е. ако „случајно“ почнат афери за Амар, адресантот ќе биде познат…
Секоја сличност со вистински ликови и настани е повеќе од намерна.
Целата емисија во која пратеникот Петрушевски најавува субверзивен фронт на Апасиев контра Мециновиќ.




