Забраната за Хуавеј и кинескиот производител на опрема ЗТЕ од европската 5Г телекомуникациска мрежа би ги чинеле мобилните оператори во ЕУ до 55 милијарди евра. Тоа се наведува во проценки на ГСМ-Асоцијацијата која ги претставува мобилните мрежни оператори ширум светот.
Операторите, исто така, ќе се соочат со одложувања до 18 месеци за добивање на следната генерација на 5Г за своите клиенти.
Проценката на ГСМА наведува дека Хуавеј и ЗТЕ уучествуваат со околу 40 проценти од пазарот на ЕУ за обезбедување мобилна опрема, а Хуавеј „во моментов е пионер во 5Г технологијата”.
Европските ривали Ериксон од Шведска и Нокиа на Финска, како и Самсунг од Јужна Кореја, немаат капацитет да се справат со сите префрлања од 3Г и 4Г мрежите на 5Г во Европа, се вели во проценките.
Тоа подразбира значителни трошоци и одложувања ако операторите не можат да ги користат Хуавеј и ЗТЕ, нагласува ГСМА.
Европската унија и членките засега не презеле формална позиција за тоа ќе ги поддржат ли САД во забраните за Хуавеј.