Разумно е Македонија да добие гаранции дека нема да има нови услови на нејзиниот пат кон ЕУ по исполнувањето на постојните‘‘, оваа изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и тоа пред бугарските медиуми и пред бугарскиот премиер Росен Жељазков дава сосема нова светлина на македонските евроинтеграции, пишува во анализата на Курир.
Навикнати со години да добиваме пораки дека треба да ги исполниме договорите и реформите ако сакаме да станеме членка на Европската Унија, изјавата на Кошта доаѓа како шлаканица за освестување за СДСМ и незините лидери Филипче, Ковачевски и Заев кои во континуитет не убедуваат дека договорот со Бугарија е добар, дека усвоената преговарачка рамка е добра и дека нема друг начин за отворање на поглавјата освен да се ,,свитка кичмата‘‘, односно да се вметнат Бугарите во преамбулата на уставот и да се се прифати ултимативниот услов усвоен од Европскиот Совет.
А, токму првиот човек на највисокот тело на ЕУ го потврди тоа што Мицкоски го зборува со години, дека условот нема врска со копенхагеншките критериуми, дека СДСМ и ДУИ направиле национално предавство и дека додека е премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати.
По бројните посети на европските челници и истите пораки, прво почнаа срамежливо да спомнуваат план Б за Македонија, за да сега отворено признаат дека тоа што го бара Мицкоски е разумно.
Кошта вели: ,,Го разбирам нивното негодување. Тие го сменија уставот еднаш, го сменија знамето, го сменија и името на земјата. И, секако, тие очекуваат дека пристапувањето сега може да се прецизира, но она што е одобрено е одобрено, она што е договорено е договорено и тие мора да го спроведат. Во исто време, многу е важно да се изгради доверба. И да и се гарантира на Македонија дека она што го очекуваме и сакаме во моментов не е само нешто што го сакаме сега и го очекуваме подоцна. Нема да сакаме ништо повеќе да се прави подоцна. Ова е разумно. Исклучително е важно да се изгради доверба‘‘.
Токму тоа го бара и премиерот Мицкоски со години – гаранции од ЕУ дека повеќе нема да има билатерални барања, надвор од копенхагеншките критериуми без оглед на тоа колку ние сме успешни во нивното исполнување.
Прашањето е какви гаранции може да даде ЕУ, кога постојано велат дека такви гаранции не може да даде никој?
Но, ако претседателот на Европскиот Совет вели дека може, тогаш мора да може. И тие гаранции треба да дојдат од највисокото политичко тело на Унијата, телото со кое претседава Кошта. Оти одлуки може да носат и Европскиот парламент, и Европската комисија и Советот на ЕУ. Но, последниот збор е секогаш на Европскиот Совет – совет во чија работа учествуваат шефовите на држави или влади на сите 27 земји членки на Европската Унија. Повисоко и померодавно тело од тоа нема.
Затоа е добро што зборот ,,гаранции‘‘ дојде токму од претседателот на ова тело Антонио Кошта.
Какви ќе бидат тие засега не е познато, но зад нив ќе мора да застане и Бугарија, поради чија асимилаторска политика всушност и настана целиот проблем, а во што помогна кратковидоста на Заев, Ковачевски, Филипче, Димитров, Османи и комплет владите на СДСМ-ДУИ.
Кошта правејќи споредба на компромисите помеѓу Франција и Германија во создавањето на ЕУ, вели дека треба да се осврнеме на нив кога имаме какви било сомнежи дали е можно или не. Тој порачува дека сега мора да се продолжи понатаму за да се отвори нова страница и дека тоа е можно, практично упатувајќи порака до двете најголеми сили во ЕУ, од кои зависат сите одлуки.
Пораката, пак до Бугарија е јасна и недвосмислена и тоа дадена среде Софија, без оглед што бугарскиот премиер потенцира дека со одлука на бугарското Народното собрание оваа година била потврдена позицијата на Софија, дека нема да поставува други барања за обврски што треба да ги исполни Македонија.
Можеби на забрзување на процесот влијаат и најавите дека одлучувањето за прашања поврзани со проширувањето и надворешната политика во ЕУ со консензус може да се смени со квалификувано мнозинство. Токму тоа го спомна Желјазков. Таквата промена ќе ја ослабне токму Бугарија, а не како што вели бугарскиот премиер, Европската Унија.
Тоа значи дека вербалните заложби на Софија не се доволни и дека се работи на решенијата, чие ,,откривање‘‘ би се случило по изборите во земјава.
П.С. ,,СВИТКАНАТА КИЧМА‘‘ на Заев понижуваше и болеше. А, можело и поинаку – со ,ИСПРАВЕНА КИЧМА’ !“