Правосудниот систем претставува клучен столб на секоја демократска држава, а неговата ефикасност, капацитет и финансиска стабилност често се изложени на јавна дебата. Во Северна Македонија ова прашање е особено актуелно во светло на реформите, кадровските промени и споредбите со европските стандарди.
Прашањето за платите на судиите стана централна тема во овие денови. Според Здружението на македонските судии, значаен дел од судиите во основните судови земаат плата од 86.000 денари месечно, но состојбата не е таква во апелационите судови и Врховниот суд, па платите стигнуваат до 120 000 денари, што е 2,7 пати повеќе од просечната македонска плата. Впрочем толку е платата и на врвните лекари од Клиничкиот центар во Скопје – зборуваме за основната плата која се движи околу 80-90 илјади денари, па се до онаа на врховните судии чија плата според законските коефициенти изнесува околу 122 илјади денари (од 17 до 24 илјади евра годишно. Ова е од 2,3 до 3,2 просечни плати во државата. Колку за споредба, во Германија, судиите почнуваат со плата која е 1,1 пати повеќе од просечната плата во Германија (во германските основни судии), што би одговарало на плата од околу 50 000 денари ако се земе македонската просечна плата.
Судот изминативе години добива 0,66 отсто од буџетот или во пари 44,7 милиони евра. Најголем дел од нив дури 38,3 милиони се трошат на плати. Според податоците од предлогот буџетот, од 2021 година до денес, платите во судството речиси двојно се зголемиле.
Според премиерот Мицкоски, сите т.н. реформи за кои зборуваат судиите всушност се сведуваат на тоа нивните плати да се зголемат на ниво од 300 000 денари, што е пет пати повеќе од платата што може да ја заработи еден матичен лекар и тоа само во Скопје, каде има мнгу повеќе пациенти по лекар, но не и во ппмалите места.
За да се процени капацитетот на судскиот систем, честопати се користи индикаторот „судии на 100.000 жители“. Според ЦЕПЕЈ (Европската комисија за ефикасност на правосудството), од 2024-та (со податоци од 2022), нашата земја располага со околу 22,3 судии на 100.000 жители.
Овој број е над европскиот просек, кој изнесува околу 21,9–22,2 судии на 100.000 жители.
Тоа значи дека, спротивно на перцепцијата што с еобидуваат да ја наметнат судиите вршејќи притисок врз министерската за финансии Кочоска, нашата земја не заостанува во поглед на бројот на судии туку напротив, се движи во рамките на нормата на европските земји.
Кога ќе се спореди бројот на судии со големите членки на Европската Унија, се добива уште поинтересна слика. Па така, на 100.000 жители Германија има 24,7 судии, што е многу блиску до домашната состојба, додека пак, Данска со 6,5, Исланд со 16,5, Малта со 9,0, Норвешка – 10,5, Шведска – 11,7, Ирска – 3,3, Шпанија со 11,9 или Франција со 11,3 судии на сто илјади жители се далеку под ЕУ просекот. Овие податоци, земени од ЦЕПЕЈ 2024 извештајот, покажуваат дека имаме двојно повеќе судии по глава на жител од повеќето земји на Европската Унија.

(Извор ЦЕПЕЈ)
Според ЦЕПЕЈ, во Македонија секој жител троши 24,6 евра на судството или 0,39 отсто од целиот БДП оди за работата на судовите и обвинителствата. Споредбено, тоа е дури нешто над ЕУ просекот на државите кои трошат од 0,33 до 0,35 проценти од БДП за оваа намена.
Тоа укажува дека бројноста на судиите не е главниот системски проблем, туку ефикасноста, организацијата, ресурсите и управувањето со предметите. Што ќе рече, нашата земја не се соочува со недостиг од судии во споредба со европските стандарди, бројот е споредлив или дури подобар од многу членки на ЕУ. Но, ефикасноста на судството продолжува да зависи не само од бројноста на кадарот, туку и од начинот на организација, оптовареноста и долгорочната кадровска политика.
Во глобални рамки во многу делови од светот има значително помал број судии по глава на жител отколку во европските земји односно, во нашата земја. Етиопија, на пример, имала само 0,25 судии на 100.000 жители според податоци од странски медиуми. Пакистан, имал околу 1,05 судии, Бразил има девет, додека Турција е со 17,2 судии на 100.000 жители, Србија пак, од 18 до 23 судии, Јапонија од 1,8 до 2, Израел 6 – 12, Австралија 2 – 4, Русија 6 – 12, Кина од еден до тројца судии на сто илјади жители, Канада 2 – 3, Јужна Африка 3 – 6, Бразил од 9 до 11 судии и така натаму…
(Некои развиени англосаксонски системи како САД или ОК, формално покажуваат ниски бројки поради различни организациски модели и поделби меѓу професионални судии и другиот судски персонал, а во некои земји бројот варира во зависност од регионите.)
Накусо и во светски контекст (просекот е 10,63 судии на сто илјади жители), Македонија има релативно висок сооднос на судии на жители, покажувајќи дека судскиот кадар е солидно густ во споредба со многу земји, особено во оние каде што правосудните системи се помалку ресурсирани.
Дури и кога ќе се земат во предвид последните бројки од дека во државава има 363 судии (без судиите на кои им мирува судиската функција), просекот е 19,92 судии на 100 000 жители, што е повторно висок сооднос, кој како што гледаме секојдневно, не значи автоматски и ефикасно судство. Така што јасно е дека проблемот не е во парите, ни во бројот на судиите, туку во нешто друго. Нам ни е јасно во што е проблемот, но не е наше да зборуваме за тоа на ова место.


Оваа табела покажува како во европските држави се движел бројот на судии на 100 000 жители во сите европски земји. Се гледа дека во нашата земја бројот се намалувал, но тој тренд започнал во 20о212 година и за тоа нема влијание сегашниот буџет, а самите судии во изминатите 13 години не реагирале така бурно.
Но, од табелата, извор ЦЕПЕЈ, се гледа дека намалувањето на бројот на судии по жител всушност се случува во многу други држави во Европа, а нашата земја, воопшто не стои лошо во овој поглед. Совен во новинарските извештаи во медиумите кои се платени со странски пари, а во кои ќе прочитате наслови дека „македонското судство е пред колапс“ и слично, што од приложеното, во споредба со западноевропските земји, се гледа дека воопшто не е така.




