Заменикот претседател на Академијата за воени науки и на руската артилерија, полковник Константин Сивков, ги издвои местата каде локалните судири би можеле да прераснат во трета светска војна.

Во својот напис објавен во списанието „Милитари индастриал кариер“ Сивков пишува дека воените судири се интензивираат заради влошувње на регионалните тензии и тоа од страна на западните сили.

-Едно чкрапало би можело да биде појавата на држава на Курдите со што би се одвоиле делови од Ирак и од Сирија, предупредува стручњакот.

Сивков не исклучува и дека внатрешни проблеми на големи земји, како на пример Турција, би можеле да предизвикаат граѓански војни. Според него „постои од можност од агресија на САД, Израел и земјите од НАТО, како и нивните сојузници од Персискиот Залив против Иран“.

-Ова би била војна на локално ниво-пишува полковникот со предупредување дека е можно продолжувањето на иранската нуклеарна и ракетна програма или војна на Иран со еден од клучните сојузници од Персискиот Залив, веројатно Саудиска Арабија.

Според Сивков, „геополитичката основа на овие и други судири ќе биде спротиставување на Саудиска Арабија и САД од една и на Кина и Иран од друга страна за доминација во регионот“.

Според овој руски воен аналитичар, како потенцијално жариште е и Авганистан каде би можела Кина да се вмеша, како и поделбата на сферите на влијание во Арктикот и американскиот фактор во некои земји на Јужна Америка, односно ослободвање на некои земји од американското влијание. Во Азија, пак, главни извори за воени тензии лежат на Корејскиот Полустров, како и тензиите меѓу Јапонија и Кина за спорните острови, и меѓу Јапонија и Русија за Курулските Острови, како и прашањето со Тајван.

Сивков, инаку, е познат по тврдењата дека американската воена сила е инфериорна во однос на руската.