Од Диселдорф за Newsroom, средбата Вучиќ-Шолц ја анализирал новинарот на Дојче Веле, Сречко Матиќ, а анализата ја пренесува хрватската редакција на Н1.
„На Шолц му е сосема јасно дека Србија води политика на односи со Русија од економски, политички, културни, религиозни и емотивни причини, а Шолц во моментов нема инструмент во рацете да изврши притисок врз Вучиќ. Тоа нема врска со Шолц, туку со состојбата на ЕУ и со фундаменталните разлики со Макрон, кој има визија за непроширување на ЕУ“, објаснува Матиќ.
Тој вели и дека позицијата на Вучиќ е засилена: „Шолц нема никаков инструмент во рацете со кој би можел да каже: „Господине Вучиќ, правете го тоа и тоа и за една година ќе се приближите до ЕУ“. Видовме пред малку на прес-конференцијата, би се осмелил да кажам дека Шолц само придонесе за засилување на позицијата на Александар Вучиќ. Шолц дојде со барање Србија да го признае Косово за да се приближи до ЕУ, а Вучиќ знае дека тоа сега не е реално и се претстави како силен лидер кој буквално го прекори германскиот канцелар: „Ништо од признавањето на Косово, не се продавам, „ќе одржуваме добри односи со Русија“, така што приказната што беше надуена пред оваа посета беше еден вид балон што беше издуван во Белград, вели Матиќ и продолжува:
„Шолц и германската влада во моментов немаат визија како да ја прошират ЕУ и како да ја привлечат Србија во ЕУ“, рече тој.
Тој исто така рече дека многу луѓе имаат чувство дека Шолц кажува едно, а на крајот прави друго. „Неговата реторика, која се разликува од онаа на другите лидери, е особено впечатлива. Тие велат дека Русија мора да загуби, а Украина мора да победи, но тоа не го вели и Шолц. Неговата реторика се разликува и од онаа на неговите најблиски соработници. Можеме само да шпекулираме за причините, можеби не сака премногу да ја навредува Русија за Путин да не го исклучи гасот, можеби Шолц ја игра улогата на посредник, можеби Шолц сака да ги придобие Русите, но можеби еден од главните причини е стравот на Германците од ширење на конфликтот.
„Имам чувство дека Германците и германската влада не им веруваат на Украинците 100%, како да постои страв дека доколку се снабдат со модерно оружје, би можеле да ги нападнат Русите на нивна територија и да предизвикаат поголем конфликт“ смета Матиќ а потоа помина ан еконмската состојба во Германија.