Обновливата енергија е во предност пред фосилните горива во Велика Британија во изминатата година. Таа е најголем извор на електрична eнергија, пoкажува анализа на органзиацијата Ember and Agora Energiewende.
Биомасата, сончевата светлина, ветрот и хидроцентралите претставуваат 42 отсто од произведената електрична енергија во Британија во 2020 година. Фосилните горива, претежно гас, се 41 отсто. Во 2019 година обновливите извори на енергија беа 37 отсто, а фосилните – 45 отсто.
Неодамна, премиерот Борис Џонсон вети четирикратно зголемување на ветерните турбини во следните десет години, како дел од планот за постигнување неутралност на јаглерод до 2050 година.
Велика Британија е домаќин на климатскиот самит на ОН, COP26 во Глазгов во ноември.