Новата американска администрација целосно го поддржува бриселскиот дијалог меѓу Косово и Србија, чија цел е сеопфатен договор за нормализација, што ќе доведе до меѓусебно признавање, изјави американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа (РСЕ).

-Како што рече претседателот (Џо) Бајден: сеопфатно решение што ќе доведе до меѓусебно признавање, зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на двете земји и зајакнување на нивните демократски институции е од суштинско значење за напредокот на Косово и Србија. Тоа ќе ја подобри безбедноста и просперитет на двете земји, ќе ги зајакне нивните аспирации за членство во Европската унија и другите мултилатерални институции и ќе ја поддржи трајната цел ширум Европа, да биде слободна и мирна, се вели во писмената изјава на Стејт департментот.

Американските официјални лица потсетија дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на сослушувањето во Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат на 19 јануари ги поздрави напорите на претходната администрација на Косово и Србија .

-Постојат работи што можеме да ги направиме за да му помогнеме на напредокот на Косово, а исто така се надеваме – тоа ќе ја придвижи и Србија напред, кажа тогаш Блинкен.