Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти подготвува трансфер на ѕвезда од францускиот шампион Париз Сен Жермен, пренесе ЕСПН, повикувајќи се на свои извори.
Италијанскиот стратег сака да го привлече играч од средниот ред Хавиер Пасторе. За фудбалерот во текот на зимата беше заинтересиран и Интер, но договор така и не беше постигнат.
Можно е 28-годишниот Аргентинец да се врати во Италија по 8 години. Во 2011 година, Пасторе беше купен од ПСЖ, кој плати 43 милиони евра на Палермо. Договорот на играчот со францускиот шампион истекува летото 2019, што ќе му помогне на Наполи да го привлече за помала сума.
Пред неколку дена, беше објавено дека тимот на Вест Хем исто води разговори со Пари Сен Жермен за да го привлече Пасторе.