Д-р Андон ЧИБИШЕВ од скопска Токсикологија
„Ги повикувам сите градоначалници парите кои ги имаат издвоено од буџетите за 2020 година за предновогодишно украсување и новогодишни лудории, пејачи, странски бендови, ручеци, вечери, заеднички собиранки и прослави итно да ги преалоцираат и да ги наменат за потребите на здравството и борбата против корона пандемијата.
Благодарам на разбирањето!“
Претходно, Чибишев се огласи и во врска со 200-те илјади евра што Шилегов и Град Скопје имаат намера да ги потрошат за новогодишната прослава и новогодишните празници:
„Предлагам оваа година Скопје да остане без предновогодишно украсување. Со тие 200 000 евра да се купат ПСР тестови кои ќе бидат бесплатни и ќе помогнат побрзо да се тестираат сите кои за тоа имаат потреба. Драстично ќе се зголеми бројот на навреме откриени позитивни граѓани кои чекајќи бесплатен државен тест (некогаш и по неколку деновик се шетаат и несакајќи го шират вирусот“.
“https://denesen.mk/wp-content/uploads/2020/11/andon-480×192.png” alt=”” width=”480″ height=”192″