Министерот за здравство, Венко Филипче во текот на мандатот ќе остане запаметен само по сомнителните тендери и скандали. Тој го призна уништувањето на инсулин со важечки рок на употреба, истакна денеска Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ќе го проверува скандалот, поточно дека „ќе преземе дејствија за проверка на потеклото на лекот и процедурата за уништување на инсулинот”. Изминуваат два месеца од обелоденување на скандалот, но ни трага ни глас од институциите. Молк во обвинителството- рече Андоновска.

Затоа, додаде таа, прашуваме: Дали јавното обвинителство презема некакво дејствие во врска со случајот?

– Доколку ништо не е преземено, која е причината за чување на предметот во фиока? Истрагата за случајот Инсулин не смее да заврши со ЌЕ. Народот гледа дека наместо да биде приоритет борбата со криминалот, приоритет на обвинителството е испoлнувањето на политичките нарачки на Заев. Народот на 12 април ќе стави крај на ваквото однесување и ќе следи Обнова на Македонија, рече Андоновска.