Додека во речиси сите земји вакцинацијата против корона почна во декември минатата година, во Македонија граѓаните се уште само слушаат како вакцините само што не стигнале. Филипче кажа јануари, па февруари, сега вели март, рече на денешната прес-конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение текстот од прес-конференцијата на Андоновска:
Добивме само 8.000 вакцини донација од Србија, и оние 3.000 што треба денеска да пристигнат, кои воедно не се доволни ниту за здравствениот персонал, а камо ли за останатите граѓани кои сакаат да се вакцинираат, хронично болните, ранливите категории и сл.
Здравството е на колена, системот неорганизиран, луѓето не можат да добијат болнички кревет, ама затоа Венко Филипче и Зоран Заев говорат за некои 2,2 милиони обезбедени вакцини, за кои ни самите веќе не веруваат дека ќе пристигнат.
Во меѓувреме, се спроведува пљачка на граѓаните.
И освен што ги зголемија цените на лековите кој за некого живот значат, лековите кој спречуваат згрутчување на крв, како Клексан, Фраксипарин, Ксаретло, граѓаните се речиси приморани да ги плаќаат приватно и крвните анализи кои се неопходни како за болните од корона, така и за оние кои што ја прележале, бидејќи мора да се прават контроли поради можните компликации.
Оние кои не можат да платат, се приморани да чекаат по ходниците на КОВИД центрите низ државата и во Скопје во само три амбуланти и поликлиники.
Министре, едноставно е, како што треба итно и неодложно да ги поставите Клексанот, Ксарелтото и Фраксипаринот на позитивната листа на лекови, така треба и граѓаните да можат да ги направат крвните анализи како што се испитување на ЦРП, ДДмери, ЛДХ, серолошки тест за антитела, преку Фондот за здравствено осигурување.
Затоа, апелираме до министерот Филипче и Фондот за здравствено осигурување, да овозможат сите лаборатории кои работат со Фондот за здравство, да ги прават овие анализите за сите осигуреници, а трошоците за истите да се покриени од страна на ФЗОМ.
Министре, доста со пиар-от и со вашите игранки и чекања на мали незначителни количини на вакцини, доста со лагите, направете нешто реално за граѓаните.
За сите пропусти, и за секој еден изгубен живот, ќе има одговорност!