Активистот за правата на ЛГБТИ заедницата Кочо Андоновски во интервју за тлевизијата Алфа изјави дека ако премиерот Зоран Заев зборот педер го користи како карактерна особина, тогаш логично е и зборот политичар да може да се користи за опис на карактерни особини.
Андоновски додава дека тој и припадниците на ЛГБТИ заедницата се навредени од изразот што го употребил Заев, кој според Андоновски, како човек кој и помагал на оваа заедница, не смеел да направи ваков чекор.