Стефан Андоновски, во подкастот „Претрес кај Ландов“, соопшти дека лидерот на опозицијата, Венко Филипче, во 2018 година гласал за одлука со која се предвидува изградба на камп – прифатен центар за мигранти во скопската населба Бардовци.
Андоновски истакна дека е апсурд и класична манипулација тоа што токму Филипче и СДС денес обвинуваат за наводни мигрантски договори, а постои одлука на Владата од 23.01.2018 година, објавена во „Службен весник“, со која се планира прифатен центар за странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграција при МВР, во Бардовци.
Тој потсети дека по оваа одлука имало и протести на месното население во делот помеѓу Бардовци и Чучер-Сандево, каде што граѓаните јасно се спротивставиле на изградбата на ваков камп.
„Апсурдно е да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ градело или прифаќало мигранти, без ниту еден единствен доказ дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преговарала на оваа тема. ВМРО-ДПМНЕ беше владата која го менаџираше најголемиот бран на мигранти со кој се соочи државата и ја бранеше Европа од Европа“, нагласи Андоновски.
Според него, скандалозно е што „човекот кој три дена држи прес-конференции за мигранти, во 2018 година гласал за изградба на мигрантски камп во Македонија, конкретно во Бардовци“.




