СДС е оној субјект кој го предлага Јовески како нивен најдобар кадар да биде уставен судија и жестоко со месеци го бранат, а во исто време Јовески води обвинителство кое има под 1% доверба на последната анкета на ИРИ. За што зборуваме кога предлогот на СДС има под 1% доверба, изјави Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Андоновски посочи и дека и од надвор прашуваат каде се милијардите кои се фрлени во правосудството.
– Нас ни треба реформа која оваа влада нема капацитет да ја реализира, рече тој и додаде дека во Македонија постојат два правни системи кои паралелно функционираат и се во постојан судир еден кон друг.
– Едниот правен систем е тој кој му дозволува на Мерко да се однесува како што се однесува последниве 10 години, правен систем кој му доволува на внук на еден од најдолговечните политичари на 24 години да има милиони евра за да купи трговски центар во Скопје, правен систем кој им ги дава сите бенефити на лицата кои се послушници на власта, изјави Андоновски.
Како што потенцираше вториот систем е тој кој луѓе кои си ја сакаат државата лежат затвор обележани како терористи, правен систем за луѓе кои немаат право на викенд затвор, додека други имаат и правен систем кој им го ограничува правото на правда на граѓаните.
– Овие два правни системи се во постојна колизија. Треба словото на законот да важи за секој човек поединечно, дотогаш не може да очекуваме да бидеме европска држава, не може да очекуваме да имаме борба против корупцијата, затоа што таа е во највисоките ешалони на власта. Се додека за нив се е дозволено, каде внуците и децата на фамилијата на Али Ахмети може да имаат се, а друга страна луѓето во затвор да ги нарекуваат терористи затоа што си ја сакаат државата. Додека важат овие два системи не може да очекуваме нормална држава, нагласи Андоновски.